Волеј што ќе ви се допадне – Полски проектил за надеж и Прва лига (Видео)

Патрик Муха постигна прекрасен гол со класичен волеј и го најави пресвртот што тој и соиграчите од Виѓев Лоѓ и го приредија во продолжението на мечот со Белхатов во Втората полска лига.

Играчот од средниот ред на гостите упати вистинска бомба од 20-тина метри, што заврши зад грбот на домашниот голман, а не помогна ниту парадата на Оченашенко.

GKS Bełchatów 1-[1] Widzew Łódź – Patryk Mucha 45+1′ great goal (Polish I liga) from soccer

До првата минута од судиското прродолжение во првиот дел и голот на Муха, Белхатов водеше со 1:0, а волејот означи старт на пресвртот. Гостите постигнаа три гола по ред и победија со 3:2 за продолжување на надежите дека ќе успеат да стигнат до плејоф-зоната и настап во баражот за пласман во популарната Екстракласа во Полска.

 

 

- Оглас -

Најнови вести