Волците и кажаа збогум на Серија А со дупната мрежа

Волците од Лече и кажаа збогум на Серија А токму во стилот како што ја одиграа слабата сезона во Калчото. На разделбата примија 4 гола од Парма и стасаа до неверојатна бројка од 85 примени погодоци на 38 натпревари.

Тоа е за само два гола помалку од апсолутниот рекорд во Серија А што го држи тимот на Про Патрија. Во сезоната 1955/56 клубот од Ломбардија прими дури 87 гола што е рекорд, на кој му се закани мизерната дефанзива на Лече во сезоната што заврши вчера.

Најтежок за Лече беше поразот од Аталанта во март годинава, кога на својот „Виа Дел Маре“ загубија со 2:7 од Аталанта.

Во просек сега веше новиот второлигаш примаше по 2.2 гола на натпревар, но за среќа нема да се запишат во историјата со црн рекорд, бидејќи одбраната на Про Патрија пред 64 години беше послаба и прими повеќе голови.

- Оглас -

Најнови вести