Возбудувања во европските купови, но „шлагот“ на денот е мундијалското дерби

6892 Хајдук – Жилина (20 ч.)

Старт на квалификациите во Лигата на Европа, а хрватскиот тим пред своите навивачи е во улога на фаворит. Интересно е дека овие два тима во квалификациите за ЛЕ играа и во 2009 година, а тогаш беше 1:1 на теренот на Жилина, додека во Сплит гостите славеа со 1:0 и поминаа понатаму.

Тоа значи дека Хајдук има дополнителн мотив да се реваншира за елиминацијата од пред 17 години.

Предлог тип: 1&2-4 (2.10)

 

6889 Војводина – Ференцварош (20 ч.)

Помалку од 300 километри ги делат овие два клуба кои меѓу себе ќе играат во квалификациите од Лигата на Европа. Ференцварош е клуб со многу поголема традиција и историја на меѓународна сцена, а и актуелната ситуација и составот со којшто располагаат двата тима, најавува дека унгарскиот тим има поголеми шанси да се радува.

Бидејќи се работи за прв меч, може да се очекува и тактизирање, па не би требало да има многу голови.

Предлог тип: Х2&0-3 (2.06)

 

6000 Франција – Мароко (22 ч.)

Започнуваат четвртфиналните возбудувања, и тоа со еден мнгоу интересен меч. Ова ќе биде реприза на ривалите од полуфиналето на минатото СП, а тогаш Франција победи со 2:0. Мароко најави дека сака да оди и чекор понапред од турнирот во Катар, но за да покаже дека е способен за такво нешто, ќе мора да се докаже против Франција.

Франција победи на сите пет меча од овој турнир, а во просек постигнува речиси три гола по меч. Сепак, Мароко не само што има добра одбрана, туку и квалитетен офанзивен состав, па треба да биде многу неизвесно.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

6047 Динамо Киев – Универзитатеа Клуж (19 ч.)

Динамо како домаќин ќе игра во Лубин, Полска, но и покрај тоа што не игра на својот терен, ја има фаворитската улога да победи. Екипата од Киев е квалитетна и ретко кога дозволува да биде изненадена од просечен ривал како што е нивниот денешен противник од Романија.

Предлог тип: Т1 1-3 I & T1 1-3 II (2.20)

 

6900 Вележ – Милсами (19 ч.)

Делува чудно, но екипата на Милсами има само една победа во последните 11 средби што ги одигра. Новото првенство на Молдавија започна пред 10-тина дена, а Милсами во два меча не даде ниту еден гол, еднаш одигра нерешено и еднаш претрпе тежок пораз со 5:0.

Вележ сигурно ќе се обиде да се стекне со предност на свој терен пред реваншот, но ова треба да биде тврд и неизвесен дуел со малку погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.91)

- Оглас -

Најнови вести