Враќање на легендата: Чави е приоритет број еден за Барселона!

Роналд Куман е веќе минато во Барселона. Како што е познато, каталонскиот клуб му врачи отказ на холандскиот стратег по поразот од Рајо Валјкано.

Позицијата на Куман „висеше“ и доколку беше остварен и позитивен резултат, бидејќи бледата игра во последниот период и поразот од Реал Мадрид во Ел Класико не можеша да останат неказнети.

И сега се започнува со процесот за наоѓање нов тренер, а како главна желба и прв кандидат се појавува Чави.

Легандарниот играч од средината на овој клуб има фантастичен старт на тренерската кариера во катарскиот Ал-Сад и најважно е што практикува стил сличен на Пеп Гвардиола своевремено.

Дополнителна околонст е што и самиот Чави пред некое време изјави дека би сакал да се врати во Барселона, а неговата помош сега ќе биде добредојдена бидејќи тимот е во најголемата криза во последните 15 години.

Исто така, на листата на потенцијални наследници на Куман се наоѓа и Роберто Мартинес, кој е актуелен селектор на Белгија.

- Оглас -

Најнови вести