Вредеше да се чека, првиот гол на Роналдо за Јуве од слободен удар е ремек-дело (Видео)

На Кристијано Роналдо му требаа дури 43 обиди за да го постигне првиот гол од слободен удар во дресот на Јувентус, а кога го стори тоа, го стори на маестрален начин, во победата на Јуве од 4-1 против градскиот ривал Торино. Португалската ѕвезда откако дојде во Старата дама, имапе 42 неуспешни обиди од слободни удари (при 26 топката заврши во жив ѕид, 11 пати му бранеа голманите, четири пати шутна надвор од рамките на голот, еднаш погоди статива), но ова што му успеа денеска мора да се види.

Инаку, денешниот меч е историски, бидејќи Џанлуиџи Буфон го имаше 648-миот настап во Серија А, што е нов рекорд, Леонардо Бонучи по 400-ти пат играше за Јуве, а Федерико Бернардески по 100-ти пат го носеше дресот на најтрофејниот италијански клуб.

Првиот гол за Јуве денеска кој го даде Пауло Дибала истотака беше убав, но погодокот на Кристијано беше ремек-дело. Погледнете го:

https://www.youtube.com/watch?v=Fv5wdedIs3A

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести