Вреди да се типува патриотски, квотата за победа над тим кој девојките го совладаа со 4-1 е одлична

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денека точно напладне го игра последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2022, а гостувањето е во студениот Алмати во Казахстан. Битката е за избегнување на последното место. Македонија има три бода од победата дома над Казахстанките со 4-1, додека противникот во шесте кола претрпе шест порази.

Селекторот Кирил Изов имаше позитивен тест на ковид-19 и заедно со уште тројца стандардни првотимки не е со тимот, па во негово отсуство репрезентацијата ќе ја водат помошниците Ферди Исмаили, Александар Андов и Тања Крстевска.

Ниту големата временска разлика, ниту ладното време не го расипаа доброто расположение на репрезентативките и стручниот штаб и нивната решеност да ги донесат во Македонија трите бода.

„Сакам само да кажам дека сме подготвени за утрешниот натпревар и комплетно сме фокусирани. Добро го познаваме противникот и нивниот начин на игра и сигурна сум дека со екипата ќе го дадеме максимумот за да ја донесеме победата“ изјави Гентијана Рочи.

„Се чувствуваме спремни да го одиграме овој натпревар, сите посакуваме победа. Ни недостасуваат неколку првотимки па мечот ќе им го посветиме на сите оние кои мораа да останат дома, на играчите и селекторот. Се надевам на позитивен резултат и покрај ладното време и големата временска разлика, нема да се предадеме, храбро ќе пристапиме на натпреварот“, најавува Наташа Андонова.

Според квотите во Sport Life, фаворит е Казахстан, па квотата за триумф на Црвено-жолтите е одлична.

- Оглас -

Најнови вести