Додека агентот Жорж Мендеш се обидува да го продаде Кристијано Роналдо на елитен европски клуб со кој би можел да конкурира за уште една титула во Лигата на шампионите, на адреса на Португалецот стигна вртоглава понува од Саудиска Арабија.
Имено, на Кристијано му е понуден двегодишен договор од дури 125 милиони евра по сезона, или вкупно 250 милиони евра. Како отштета за Јунајтед би следувале 30 милиони евра, уште 20 милиони евра ќе се делат меѓу посредниците на евентуалниот трансфер.
Ова е понуда за која Португалецот ќе мора добро да размисли пред да ја одбие. Гигантите како ПСЖ и Баерн одбија да го ангажираат, се чини дека и Челзи се повлекува од негов ангажман, па Роналдо има сé помалку избор за промена на клуб ова лето.