Врвoт на ферплејот: Последниот играч во одбраната се повреди, напаѓачот одлучи да не даде гол (видео)

Дефиниција за ферплеј покажа фудбалерот Мехмет Кучукдурмуш, член на турскиот аматерски клуб Кестелспор. Во дуел против Јатаганаспор, Кучукдурмуш при контранапад се најде во одлична ситуација да постигне гол, но при спринтот, се повреди последниот дефанзивец во одбраната, па наместо Мехмет да ја искористи таа ситуација, тој веднаш ја исфрли топката од игра, односно одлучи да не даде гол.

Ваквиот фер потег го пренесоа сите светски спортски медиуми, а Кучукдурмуш по мечот истакна дека се сочувствувал со противникот и затоа застанал.

„Знам како е да се заработи таква повреда и колку боли, од искуство тврдам дека може да му следува пауза од шест месеци доколку има тешки оштетувања. Кога видов како потскокнува, се присетив како ми беше мене. Можев да дадам гол, но потсвеста ми рече да застанам“, истакна Мехмет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести