Втор натпревар од плејофот: МЗТ Скопје повторно е голем фаворит против Пелистер (Фото)

Екипите на МЗТ Скопје и Пелистер вечерва ќе го одиграат вториот финален натпревар од кошаркарскиот плејоф на Македонија. Тимот од Аеродром беше и повеќе од убедлив на првиот меч СЦ Јане Сандански и победи со 84-64.

Тоа воедно беше и петта победа за МЗТ Скопје во меѓусебните натпревари против Пелистер, а серијата на победи во домашното првенство сега изнесува 14 победи. Ако на ова се додадат и трите победи во Купот на Македонија, тогаш Штрковите имаат 20 победи по ред на домашна сцена. Последниот пораз МЗТ Скопје го доживеа на 25 јануари на гостувањето кај Гостивар.

- Оглас -

Најнови вести