„Втор сет“ на Ѓоковиќ против Австралија, се чека одлуката (Живо)

4:40 часот – Сослушувањето заврши, се чека одлуката од судот, која треба да биде донесена во следните неколку часа.

4:30 часот – Вуд најави дека доколку пресудата биде во корист на Новак, веднаш во рок од 30 минути тој да биде пуштен и да биде слободен човек.

4:11 часот – Адвокатот на Ѓоковиќ имаше само едно прашање до противничката страна. „Каде ви се доказите дека Ѓоковиќ шири антиваксерски ставови и дека влијае луѓето да не се вакцинираат“?

3:50 часаот – Главниот аргумент на адвокатот на Австралија е тоа дека Ѓоковиќ станал херој кај сите антиваксери и неговото останување во земјата може да има лоши последици.

3:35 часот – Судењето продолжува. Адвокатот на државата Австралија сака да покаже дека Ѓоковиќ со неговото однесување има големо влијание врз народот во Србија, каде повеќе од половина жители воопшто не се вакцинирани.

2:30 часот – Пауза

2:00 часот – Главните аргументи на адвокатот кој ја застапува Австралија е тоа дека Ѓоковиќ имал доволно време да се вакцинира доколку тоа го сакал. Негов избор било да не се вакцинира и тоа нема никаква врска со фактот дека го прележал вирусот непосредно пред да дојде во Австралија.

1:37 часот – Започна излагањето на претставникот на државата Австралија, Лојд. Тој ја одби паузата за ручек и веднаш започна со своето излагање.

1:35 часот – Главниот судија го опомена адвокатот на Новак да не го користи изразот „докази“, затоа што може да се случи министерот во својата аргументација да го користи изразот „здрав разум“, а тоа би било многу лошо за тенисерот.

1:30 часот  – Адвокатот на Ѓоковиќ на крајот заклучи дека министерот не покажал ниту еден валиден доказ кој покажува зошто требало да му биде укината визата на тенисерот.

1:26 часот – Дури 71 отсто од испитаниците кои живеат во Австралија, во една анкета сметаат дека Ѓоковиќ треба да биде депортиран. Само 14 отсто се согласуваат Србинот да остане во земјата.

1:20 часот – Жесток и долг е одговорот на адвокатот Вуд контра одлуката на министерот Хоук кој донесе поништување на визата на тенисерот.

01:00 часот – Адвокатот на Новак поентира. Министерот Хоук воопшто не ги погледнал материјалите кои тенисерот ги доставил на судот по првото судење. Во тие документи се потврдува дека Ѓоковиќ не преставува никаква опасност за јавното здравје на Австралија и дека визата бесправно му била поништена.

00:55 часот – Приврзаниците на Ѓоковиќ повторно се пред судот да му дадат поддршка на Новак.

00:43 часот – „Дури и австралиската влада се согласи дека Ѓоковиќ не е ризичен за пренесување на вирусот, затоа што неодамна го прележа. Тој во Австралија дојде само да игра тенис, а ова што сега се случува е благодарение на владата“, потенцираше адвокатот на Србинот.

00:38 часот – Адвокатот Вуд призна дека Ѓоковиќ направил грешка и лоша проценка затоа што решил да се појави на интервјуто за „Лекип“ иако знаел дека има Коронавирус.

„Новак е сцесен дека направи грешка во проценката“, вели адвокатот Вуд.

00:34 часот – На протестите кои ги организирале антиваксерите, во ниту еден момент не било спомнато името на Новак Ѓоковиќ, тврди адвокатскиот тим на тенисерот.

00:28 часот – Министерот Хоук се правда дека неговата одлука не била донесена врз основа на поседните натписи околку ставовите на Ѓоковиќ за вакцинирањето, туку поради опасноста неговот присуство да ги поттикне антиваксерите да бидат поактивни и да го спречат вакцинирањето или ревакцинирањето.

00:20 часот – Властите во Австралија ниеднаш не го запрашале Ѓоковиќ за тоа кој е неговиот став околу вакцинирањето, туку за тоа кое е неговото мислење, заклучокот го донеле од натписи во медиумите.

00:15 часот – Министерот Хоук цитирал два текста кои сугерирале на тоа дека Ѓоковиќ ги поддршува антиваксерите. Сепак, факт е дека во тие текстови никаде нема конкретен став на Ѓоковиќ околу вакцинацијата, туку само изјава од Србинот дека не е експрт во темата и дека „сака да остане со отворен ум и сам да одбере што е најдобро за неговото тело“.

23:56 часот – Адвокатите на Ѓоковиќ се обидуваат да ги оспорат аргументите на министерот за емиграција, Алекс Хоук, зборувајќи дека евентуалната депортација на Новак може да донесе многу поголема штета од тоа да остане во земјата.

„Депортацијата може да предизвика антиваксерски протести и кршење на јавниот ред и мир, нанесувајќи штета на Австралија, но и на самиот Ѓоковиќ“, рече адвокатот Вуд, кој го застапува Србинот.

23:50 часот – Тричлен судски собир е формиран за да може да се донесе што е можно побрзо конечна одлука. Австралија опен започнува в понеделник.

23:45 часот – Главен чесен судија е Џејмс Алсоп кој најави дека судењето не би требало да трае многу долго, но сепак може да поминат неколку часа додека се донесе одлука. „Би требало да завршиме до ручек, но ако тоа не се случи… никој нема да ве ограничува“, започна судијата Алсоп.

Тоа би значело дека одлуката може да се очекува околу 5-6 часот наутро по македонско време.

23:40 часот – Судењето почна. Во Австралија преку 93 отсто од населението, постаро од 16 години, има примено две дози од вакцините.

Ѓоковиќ замина на суд, каде треба да биде донесена конечната одлука дали Србинот ќе остане во Австралија.

Новак Ѓоковиќ речиси две недели живее во исчекување дали ќе може да игра или не, на првиот гренд слем за 2022 година, Отвореното првенство на Австралија. Србинот која на 4 јануари пристигна во Мелбурн беше задржан од властите.

По неколку дена, Ноле се најде на суд и ја доби правната битка за да може да влее во земјата. Ѓоковиќ неколку дена тренираше и се подготвуваше за настап, кога стигна нова забрана. Министерот за емиграција на Австралија, реши повторно да му ја поништи визата на Ѓоковиќ и да го врати во хотелот за мигранти.

Вечерва следува ново судење, кое би требало конечно да ги речи сите дилеми дали шампионот на Австралија опен ќе го брани тронот.

- Оглас -

Најнови вести