Втора етапа во „50 шанси за 100.000 денари“, лидерот има 42 погодени пара

Силно стартуваа обложувачите кои учествуваат во акциската понуда на Sport Life „50 шанси за 100.000 денари“. Во тек е втората етапа од вкупно осум, во којашто лидерот Стефан Ј. има погодено 42 пара од можни 50 со квота од 1.30 или повеќе на својот тикет.

Со еден погоден пар помалку зад него е Миле М., додека актуелниот лидер ја зазема и третата позиција на табелата со 40 погодени парови. Ванчо Ч. е четврти исто така со 40 погодени парови, а Миле и како петтопласиран е меѓу највисокорангираните. Напомена за обложувачите кои заземаат повеќе места во топ 5: ќе добијат само еден подарок според нивниот највисок пласман.

Sport LIfe  доделува по 100 илјади денари за прворангираните во секоја етапа, а ќе ги има вкупно осум. Првата етапа заврши, Бобан  Б. е победникот, додека втората етапа најавува исто така интересна трка.

Победник во секоја етапа ќе биде учесникот со тикет на којшто има најмногу погодени натпревари. Ако има двајца или повеќе натпреварувачи со еднаков број погодени парови, тогаш ќе одлучува вкупниот коефициент на погодените натпревари, а ако и во таков случај има баланс, тогаш трет критериум е времето на уплата на тикетот. Во таков случај обложувачот што порано го уплатил тикетот, ќе биде добитник на премијата од 100 илјади денари.

Има подароци и за второрангираните од секоја етапа, за нив се предвидени вредносни ваучери од 25.000 денари од „Техномаркет“ или „Анхоч“ (по избор на играчот), додека третопласираните ќе добијат месечно обложување со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.

- Оглас -

Најнови вести