Вујо со молба до навивачите: Не гласајте за мене, Лино беше подобар

Прославениот црногорски ракометар, а потоа и тренер, Веселин Вујовиќ, кој пред две недели го напушти ППД Загреб, смета дека не е најдобар тренер на поранешните југословенски простори за сезонава, па побара од љубителите на ракометот да не гласаат за него.

Ова необично барање на популарниот 59-годишен стручњак се однесува на гласањето на порталот „Балкан хендбал“. Овој ракометен портал редовно го прави изборот во кој Вујо трипати победувал, а лани признанието му припадна на македонскиот селектор Данило Брестовац. Освен фановите, во изборот учествува и стручно жири.

„Почитувани пријатели, Балкан хендбал секоја година го бира најдобриот тренер во регионот со помош на вашите гласови. Секако ми годи што моментно сум на прво место, но според сите критериуми, признанието за сезонава му припаѓа на господинот Лино Червар, кој освои сребрен медал со репрезентацијата на Хрватска. Им благодарам на сите кои гласаа за мене, но тука не се бира најпопуларен, туку најдобар тренер“ – напиша Вујовиќ на Фејсбук.

 

- Оглас -

Најнови вести