Вујовиќ бесен: И по 40 години не ги знам ракометните правила

Хрватскиот ракометен првак Загреб остана само со една победа по 11 меча одиграни во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби од Фленсбург со 25:26. Германскиот тим со овој триумф ја прекина низата од четири порази по ред и сега е многу блису до место кое води во нокаут фазата, додека Загреб е само со теоретски шанси дека може да стигне барем до шестото место на табелата.

Во текот на речиси целиот меч гостите имаа водство, кое во првиот дел беше и четири гола (11:7). Сепак Загреб не се предаде и во последните неколку минути стигна на минус 1, но не успеа да се спаси од пораз. Тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ беше незадоволен од судењето на исландските арбитри.

„По 40 години работа во ракометот и понатаму не ги знам правилата на играта како што тоа го знаат господата од Исланд, но веројатно ќе има некој што ќе може да го оцени нивното судење. Нека ми објаснат како во последните 30 секунди судат седмерец на центарот од игралиштето, а не го сопираат времето кога има само 10 секунди до крајот. Многу безобразно. Нека го објаснат тоа, а не само да зборат за тоа како Вујовиќ се однесувал“, рече нервозниот Веселин Вујовиќ.

Во денешните мечеви од ЛШ: Порто – Веспрем 24:31, Монпелје – Кјелце 25:24, Пик Сегед – Алборг 26:26. Утре играат: Целје – ПСЖ, Мотор Запорожје – Мешков Брест и Елверум – Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести