Вулгарниот Кирјос не бираше зборови при расправијата со судијката (видео)

Ник Кирјос уште во првото коло го заврши настапот на АТП турнирот во Торонто по поразот од Рејли Опелка со 2-1 во сетови (4-6, 7-6, 6-4).

При израмнувањето во сетови од страна на Американецот, Кирјос здиве и не бираше зборови во расправијата со главната судијка, обвинувајќи ја дека поради неа го загуби сетот.

„Што гледаш? Јас од моја позиција видов дека ја допре мрежата со ногата, а ти не судиш ништо. Какво ср*ње, ова е еб*на шега. Ме чиниш изгубен сет“, нервозно се расправаше Австралиецот.

- Оглас -

Најнови вести