За 20 дена заедно примија 9 гола од Манчестер сити – Бруно Фернандеш ги посети и ги бодреше некогашните соиграчи од Спортинг (Фото)

Бруно Фернандеш ги посети некогашните соиграчи од Спортинг Лисабон во хотелот во Манчестер, непосредно пред реваншот што Лавовите ќе го играат денеска, против Манчестер сити, во Лигата на шампионите.

Фернандеш игра за Манчестер јунајтед и беше на теренот во неделата, на големото градско дерби против Сити, што заврши со убедлива победа од 4:1 за ривалот.

Претходно Манчестер сити го декласира Спортинг во Лисабон со 5:0 на 15 февруари, па реваншот вечерва од 21 часот ќе биде формалност.

Сити сигурно ќе игра во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а интересно е каков совет им дал Фернандеш на некогашните свои соиграчи за реваншот.

https://twitter.com/Sporting_CP/status/1501560939157590017?s=20&t=eIXyZCoUuTvAexgF4qDHmg

 

- Оглас -

Најнови вести