За Балотели веќе нема место во Адана, најверојатно се сели во Швајцарија

Некогашниот италијански репрезентативец, напаѓачот Марио Балотели, нема да остане во турскиот суперлигаш Адана Демирспор. По инцидентот со тренерот Винченцо Монтела, Бало ќе мора да ја смени клупската средина, а најавите се дека во текот на денов ќе потпише за швајцарски Сион.

Балотели барал од Адана да го продадат за помалку од 4 милиони евра, колку што е откупната клаузула во неговиот договор. Тој за клубот одигра 34 меча и даде 19 гола.

Балотели има играно за Лумецане, Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца и Адана Демирспор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести