За Бензема нема место ниту во алжирската репрезентација

Меракот на Карим Бензема да заигра за националниот тим на Алжир не е доволен за селекторот на репрезентацијата на таа африканска земја, откако Бензема кажа дека е подготвен да се докаже во друга селекција откако во Франција веќе не го сакаат. Бидејќи има алжирски родители, би можел да стекне алжирско државјанство и ако Французите му го одземат државјанството, ФИФА може да направи исклучок и да му дозволи на Карим да игра за друга селекција, иако играл за Франција.

Сепак, селекторот на Пустинските лисици, Џамел Белмади, не е загреан за ѕвездата на Реал Мадрид.

„Задоволен сум од играчите со коишто располагам. Ги имам: Бунедџа, Слимани, Делор и Судани, доволно се”, вели Белмади.

Бензема од 2015 година веќе не го викаат да игра за Франција откако беше обвинет дека изнудувал пари од соиграчот Матје Валбуена уценувајќи го со видео секс-снимка.

- Оглас -

Најнови вести