За четири минути даде два гола од слободен удар и ја сврте „кец во два“ (Видео)

Штурм славеше со 2:1 на гостувањето кај Хартберг во меч од плејофот на австриската Бундеслига. Домаќините имаа водство од 1:0 на полувремето, но во вториот дел свое шоу имаше Кирил Десподов, кој успеа за четири минути да даде два гола.

Погодоците на Десподов беа вистинска уметност, ако се знае дека двата ги постигна со шутеви од слободен удар, и тоа во растојание само од околу 200 секунди игра. Бугарскиот интернационалец најпрво погоди за 1:1 во 85-тата минута, а веќе во 89-тата минута донесе голема радост за гостите и победа од 2:1.

 

 

- Оглас -

Најнови вести