За две до три години се воведува ВАР и во бугарската лига

Системот за прегледување на видеоснимка по спорни моменти најмногу за три години ќе се воведе и во бугарскиот шампионат. Ова го најави потпретседателот на Бугарската фудбалска федерација, Атанас Фурнаџиев.

„Судиите грешат, тоа не е спорно, но мислам дека се греши на двете страни, а не е оштетен само еден клуб. Системот ВАР придонесе во европскиот фудбал да има помалку спорни моменти од судиска природа. Со нетрпение очекувам овој систем да профункционира и во Бугарија. Прашање на време е кога ќе се случи тоа, дали за една, две, или најдоцна за три години, но ќе се случи“, изјави Фурнаџиев.

Италијанската лига е меѓу оние што први се нафатија да воведат ВАР. Светското првенство во Русија беше првиот глобален настан на кој се примени видеотехнологијата, а позитивното искуство придонесе многу земји да го воведат ВАР. Англиската Премиер лига уште не се реши на таков чекор, но по бројните грешки, се прави притисок и таму да има можност судиите да ги поправат своите грешки користејќи повторно гледање на забавена снимка.

- Оглас -

Најнови вести