За Хувентуд не се доволни ниту 15-те поени на Димитријевиќ

Ненад Димитријевиќ со 15 поени, пет скока и четири асистенции брилјираше за Хувентуд, но тоа не беше доволно за да се избегне пораз на гостувањето кај Фуенлабрада при конечни 93:84.

Македонскиот репрезентативец иако максимално ги искористи минутите од клупа, неговиот тим не избегна ново, трето разочарување во АЦБ лигата по осум кола.  Нено во статистиката додаде и по една блокада и украдена топка, во 28 минути поминати на паркетот.

- Оглас -

Најнови вести