За Капело, и судиите се виновни за кризата во италијанскиот фудбал

Легендарниот тренер Фабио Капело, не е оптимист за судбината на италијанскиот фудбал во следните неколку години. Националниот тим на Италија не успева да се пласира на две светски првенства по ред, а во Лигата на шампионите, во четвртфиналето нема ниту еден претставник на Серија А.

„Италијанскиот фудбал е далеку зад останатите. Топката не се движи брзо, нема интензитет, судиите премногу често ја прекинуваат играта и судат фаул и при најмали контакти. Најголем проблем е што најдобрите светски фудбалери, веќе не сакаат да дојдат да играат во Италија. Истотака, ни требаат и поубави стадиони. Инфраструктурата е лоша” – анализира Капело.

„Италијанскиот фудбал нема да се врати на врвот во следните 5-6, можеби дури и 8 години. Сите ни се мешаат во фудбалот: политичари, соседни фудбалски федерации, итн. Ако зборуваме за детско-јуниорски фудбал, треба да ги копираме Шпанците. Таму младите работат на техниката, а не на тактиката” – додава Капело.

- Оглас -

Најнови вести