За легендите паѓаат во вода и најголемите ривалства – Навивачите на Лацио го поздравија омилениот непријател Де Роси

Легендите знаат да ги смират и најголемите непријатели и големи ривали и на теренот и на трибините, а токму таков е примерот со транспарентот што симпатизерите на Лацио го истакнаа на мечот со Болоња вчера, во знак на почит кон фудбалерот на Рома, Даниеле де Роси.

„Горд и нескршлив непријател на теренот – Даниеле де Роси, Северот те поздравува“, беше пораката на транспарентот на навивачите на Лацио.

Претходно и симпатизерите на Јувентус се простија од Роси со сличен транспарент, што е доказ за почитта што ја има капитенот на Рома кај ривалите од Серија А.

По цели 16 години и 10 месеци верност кон Рома, репрезентативецот на Италија ќе си замине од редовите на „римската волчица“.

Во недела ќе го одигра последниот натпревар за Рома, клуб кој му е матичен и единствен во кариерата досега.

- Оглас -

Најнови вести