За ноќеска обложете се на мечевите од Копа Либертадорес и Судамерикана

Гремио – Палмеирас (02:30ч – Копа Либертадорес, четврт-финале, прв натпревар)

Ова е едно од двете бразилски четврт-финални парови, што значи дека најмалку две екипи од земјата на самбата ќе се најдат во топ 4 во најелитното клупско натпреварување на Јужна Америка. И Гремио и Палмеирас се поранешни шампиони, но домаќините од овој дуел последен пат го освоија престижниот трофеј пред две години, додека Палмеирас од 1999 година чека на титулата.

Иако не се фаворити, фудбалерите на Палмеирас имаат солиден учинок против Гремио. Во последните пет меѓусебни средби од бразилскиот шампионат, Палмеирас триумфираше во четири, а последниот меч заврши со реми од 1-1, кое се одигра пред два дена. Во четири од тие пет средби се постигнаа најмалку по два гола, што значи дека ноќеска мрежите може да се тресат и на двете страни.

Предлог тип: 1X & 2-5 (2.18)

 

Aтлетико МГ – Ла Еквидад (02:30ч – Копа Судамерикана, четвртфинале, прв натпревар)

Атлетико и Ла Еквидад првпат добија шанса да ги одмерат силите во второто по квалитет клупско натпреварување во Јужна Америка. Тоа што се непознати противници, може да придонесе овој прв дуел да биде ефикасен. Бразилскиот тим несомнено е фаворит во пресрет на овој меч, особено што е во солидна форма од шест победи, две ремија и само еден пораз во последните 9 нивни средби во сите натпреварувања.

Ла Еквидад влезе во мини-криза во пресрет на овој дуел, со три порази и едно реми во последните четири дуели, а доколку не се случи сензација, пораз ноќеска не им бега.

Предлог тип:  Т1 1+I & 1+II (2.18)

 

Kлуб Америка – Тигрес (02:30ч – Лига куп на екипи од Централна и Северна Америка, полуфинале)

Новоформираниот куп треба да донесе и нови возбудувања за фудбалските фанови преку Барата, а ноќеска се играат полуфиналните средби, по кои ќе се добијат првите финалисти. Се игра еден меч на неутрален терен, а мексиканските гиганти Клуб Америка и Тигрес силите ќе ги одмерат во Хјустон, Тексас.

Тигрес цели на реванширање за поразот во мексиканскиот Суперкуп, кој се одигра речиси пред еден месец, но и да ја прекинат негативната низа против големиот ривал која трае од декември 2017 година. Во пресрет на овој дуел, двете екипи ќе влезат со идентична форма од три победи, по едно реми и пораз, а според коефициентите, Тигрес за нијанса има поголеми шанси за триумф.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.70)

 

Крус Азул – ЛА галакси (Лига куп на екипи од Централна и Северна Америка, полуфинале)

Една мексиканска екипа дефинитивно ќе игра во финалето на новото натпреварување, а Крус Азул има исклучително тежок предизвик за да направи финале на екипи од иста земја. Противник ноќеска ќе им биде тимот кој го предводи Златан Ибрахимовиќ, кој, пак, цели на што повеќе одличја оваа сезона.

Токму од Швеѓанецот ќе доаѓа најголемата закана кон голот на Крус Азул, а ќе биде многу тешко да се најде решение како да се спречи курпулентниот Златан, знаејќи дека е во импресивна голгетерска форма. Иако Мексиканците важат за големи фаворити според квотите, многупати досега сме сведочеле дека фаворитската улога на хартија ништо не значи во ваков тип дуели.

Предлог тип: ГГ3+ (2.20)

- Оглас -

Најнови вести