За Пеп нема дилеми, Премиер лигата е најтешка лига за освојување

Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер сити на три натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигата, ја обезбедија титулата со помош на Лестер, кој вчера го изненади Јунајтед со победата од 2-1 на „Олд Трафорд“.

Ова е трета титула за шпанскиот стратег во вкупно пет сезони откако седна на клупата на Граѓаните, па сега е трикратен првак во Англија, Германија и Шпанија.

За него нема дилеми дека Премиер лигата е најтешка лига за освојување.

„Овој клуб освои пет титули во изминативе 10 сезони, од кои три се со мене како тренер. Менаџирав во Шпанија, во Германија и таму имам по три лигашки титули, но дефинитивно Премиер лигата е најтешка за освојување од повеќе причини. Нашиот поход почна на 19 декември со победата над Саутхемптон, па сè таму до март, кога загубивме во градското дерби од Јунајтед. Тој период беше клучен за нас бидејќи ги добивме сите натпревари“, посочи Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести