За публиката поинтересно е кога фудбал се игра на кал и вода (Видео)

Во третата регионална галициска лига во Шпанија, екипите на Палмеира и Хувенту Агињо одиграа натпревар кој според снимките како изгледал теренот, не требало да се одигра. Мечот заврши 1-1, а публиката не уживаше во фудбалските мајстории, туку во „пливањето“ и заглавувањето во калта на одредени делови од теренот.

Борбеноста на двете страни не изостана и фудбалерите навистина се херои што издржаа 90 минути на вакви услови. Чудно е како судиите и делегатот дозволија да се игра на терен на кој невозможно беше да се контролира топката.

- Оглас -

Најнови вести