За соиграчот на Елмас сезоната е завршена

Наполи киксираше на гостувањето кај Наполи и одигра само 1:1, но тоа што е уште полошо за тимот од југот на Италија е фактот дека тешко се повреди Кевин Малкуи. Францускиот дефанзивец заработи тешка повреда на коленото, а лекарските прегледи покажале дека има скинати вкрстени лигаменти.

Тоа е повреда која ќе го одалечи Малкуи од теренот до крајот на сезоната. Со солзи во очите, Франузинот го напушти теренот, а сега во следните девет месеци го очекува период на рехабилитација. Малкуи утре ќе оди на операција, а Наполи ќе мора да најде замена за него.

 

- Оглас -

Најнови вести