За тешкиот пораз од Валенсија не е виновен Зидан, туку неговиот асистент

Давид Бетони, десната рака на Зинедин Зидан, е цел на критики од страна на ѕвездите во Реал Мадрид по тешкиот пораз од Валенсија со 4-1 во претходното коло во Ла Лига.

Токму Бетони го обвинуваат бидејќи поради него, Зидан често ја менува формацијата, односно комбинира со играчи кои не играат на потребното ниво. Најдобар пример беше вклучувањето на Иско и Марсело во стартните 11, дека Крос и Менди беа на клупата за резерви во поразот на „Месталја“.

Ова го тврдат одредени шпански медиуми, наводно револтот е присутен во соблекувалната, а играчите воопшто не го почитуваат долгогодишниот пријател на Зидан, кој пак за разлика од Бетони, има преголем респект од своите избраници.

Бетони е покрај Зидан од самиот почеток кога француската легенда седна на клупата на Кралевите, а во минатото заедно ги почнале фудбалските кариери.

- Оглас -

Најнови вести