За Тотенхем прекинот и не е толку лоша работа

Хари Кејн уште од јануари е надвор од фудбалските активности откако се здоби со тешка повреда, по што му беше предвидена пауза речиси до мај. Но, како што стојат работите, англискиот голгетер ја надмина повредата и посочи дека би можело да се врати на терените доколку сезоната во Премиер лигата се продолжи.

„Се чувствувам добро, работам напорно и на добар пат сум целосно да закрепнам. Да не беше прекинот на сезоната, поточно во нормални услови јас ќе се приклучев на тимскиот тренинг за околу три недели. Меѓутоа ситуацијата е таква каква што е, па се чека крајниот епилог. Потребно ми е само да се вратам во натпреварувачка форма, останатото сè е во ред. Се соочуваме со криза каква што досега не сме доживеале, моето семејство е безбедно, се надевам дека сите останати се грижат за своето здравје“, изјави Кејн.

Суспензијата во Премиер лигата се пролонгира најмалку до 30 април како резултат на ширењето на Коронавирусот и во Велика Британија. Пред прекинот, Тотенхем по 29 натпревари го држи осмото место на табелата со 41 бод, а претходно тимот на Мурињо претрпе елиминација од Лајпциг во осминафиналето во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести