За ѕвездата на Партизан, Динамо е најдобриот екс-ју тим

Фудбалерот на белградски Партизан, Огњен Ожеговиќ, во интервју за хрватскиот „Индекс“ тврди дека Динамо Загреб е подобар од Црвена ѕвезда и дека загрепските Модри во Шпанецот Дани Олмо го имаат најдобриот играч на балканските простори.

За Ожеговиќ има сериозен интерес од Розенборг, норвешкиот првак кој му е ривал на Динамо во плејофот за влез во Лигата на шампионите. Овој Србин играл и за Ѕвезда и за Партизан, а ако Ѕвезда и Динамо се најдат во иста група од ЛШ, тој им дава предност на Хрватите.

„Динамо е посилен. Има фантастичен напад, таа класа во напаѓачкиот ред му дава предност во однос на Црвена ѕвезда. Тешко е да се каже кој е најголем клуб во бивша Југославија, но ако ги гледаме само последните десет години, тогаш предничи Динамо. Најмногу направија во Европа од сите клубови од овие простори“, смета Ожеговиќ, кој нема потпишано договор со Розенборг, но блиску е до трансфер.

„Останаа детали пред да потпишам. Содерлунд е најголема опасност за Динамо, тој отскокнува од другите, иако немаат ѕвезди, туку во прв план е тимската работа, и тоа е силата на Розенборг. Динамо има фантастична екипа, знам некои играчи, Олмо е феноменален, не смеат да го продадат. За мене, тој е најдобар фудбалер што настапува на Балканот. Мислам дека шансите на Динамо и Розенборг се 50-50“, додава Ожеговиќ.

- Оглас -

Најнови вести