Заедно имаат постигнато над 700 голови, а сега првпат ќе се сретнат на теренот

Со четири победи во четири меча, Милан имаше старт од соништата во Серија А. Росонерите се надеваат дека ќе продолжат во ист стил и вечерва, а предизвикувач на „Сан Сиро“ е Рома. Римската волчица освои седум бодови во првите четири кола, а ќе се обиде да ја сопре перфектната низа на противникот.

Главните адути на двата тима се во нападот. Милан го има Златан Ибрахимовиќ, додека един Џеко е предводник на Рома. Двајцата се докажани и заедно вкупно имаат постигнато над 700 погодоци, а одиграле над 1.500 мечеви на клупско и репрезентативно ниво. Тоа што е чудно е што ова ќе биде првпат Златан и Един да се најдат заедно на теренот бидејќи никогаш претходно не играле еден против друг.

Токму по враќањето на Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“, Милан бележи блескави резултати. Во 2020 година шведскиот напаѓач има одиграно 20 мечеви, во кои постигнал 14 голови, а имаше и пет асистенции. Ефектот на Џеко во 2020 година е 21 меч со 11 погодоци и четири асистенции.

Џеко знае да биде многу опасен против Милан бидејќи во кариерата дал четири гола против Росонерите, од кои три биле на теренот во Милано.

Ако се погледнат последните 10 меѓусебни средби, Рома има пет победи, Милан се радувал три пати, а две средби завршиле без победник. Од овие 10 дуели, дури седум завршиле со 2-3 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести