Заха во Арсенал сака

Вилфрид Заха го информираше раководството на Кристал Палас дека сака да си замине, сака да игра за Арсенал, а побара да се намали отштетата од 80 милиони фунти.

Кристал Палас веќе го продаде Арон Ван Бисака, кој денеска и официјално беше промовиран во нов член на Манчестер јунајтед, а е на пат да ја загуби и втората ѕвезда во тимот.

Заха моментно е на Африканскиот куп на Нации, каде настапува за својата репрезентација, за Брегот на Слонова Коска, а дефинитивно ќе си замине од „Селхрст Парк“, но сака да остане во Лондон, сега во црвениот дрес на Арсенал.

26-годишниот репрезентативец на Брегот на Слонова Коска е едно од најдобрите леви крила во Премиерлигата и за него заинтересирани се уште неколку клубови од Англија.

- Оглас -

Најнови вести