Синоќа беа одиграни неколку натпревари во НБА-лигата, а еден од поинтересните го одиграа Минесота и ЛА клиперс.
Првото полувреме целосно му припадна на гостинскиот тим и изгледаше дека ќе ја задржи предноста до крајот и ќе дојде до победа.
ЛА клиперс по првото полувреме имаа предност од 56-42.
Домаќините одиграа нешто подобро во третата четвртина и ја намалија разликата на само шест поени. По одличната последна четвртина, Минесота на крајот беше таа што стигна до победа со 109-106.
Најдобар во победничкиот тим беше МекДениелс со 27 поени, еден скок и две асистенции.
Кај гостите, најрасположен беше Џејмс Харден со 34 поени, пет скокови и шест асистенции, но ниту тоа не му помогна на неговиот тим да избегне пораз.
Кошаркарите на Сакраменто Кингс славеа на гостувањето кај Мајами Хит со резултат 111-127, со што ја прекинаа лошата низа од четири последовни порази.
Кингс го отворија мечот нешто подобро и по првата четвртина имаа предност од три поени, а потоа уште повеќе притиснаа до полувремето, кое заврши со 72-55 во корист на гостите.
Мајами ни во продолжението не успеа да се разбуди. Предноста на Кингс постојано растеше, па пред последната четвртина изнесуваше дури 23 поени. Домаќините само успеаја да го ублажат поразот до крајот на мечот во кој важeа за големи фаворити.
Фантастичен настап за Сакраменто имаше Зак Лавин, кој постигна дури 42 поени и речиси сам го победи противникот. Кај домашниот тим вредни за спомен беа само Хајме Хакез Џуниор со 27 и Симоне Фонтекио со 20 поени.
Мајами е на седмото место во Источната конференција со 14 победи и 10 порази, додека Сакраменто е 13-ти на Западот со скор 6-17.
Резултати НБА: Вашингтон – Атланта 116-131, Кливленд – Голден Стејт 94-99, Детроит – Милвоки 124-112, Мајами – Сакраменто 111-127, Минесота – ЛА клиперс 109-106, Далас – Хјустон 122-109.

