Клеопатра ќе му се поклони на најтрофејниот африкански клуб во минатиот век

7148 Педро Мартинес – Алекс Молчан (Вимблдон, 13.30 часот)

Ова е интересен дуел на двајца тенисери што се рангирани еден до друг на АТП-листата.

Мартинес е точно на 50-тото место, а Молчан е веднаш зад него. И според возраста се тука некаде, а и со квалитет се израмнети, иако настапите на трева не им се баш омилени.

Лани Шпанецот дебитираше на Вимблдон и стигна до третото коло, а Словакот сега дебитира на лондонскиот гренслем.

Ова ќе им биде и прв меѓусебен дуел, па се очекува неизвесен меч, а ние типуваме дека ќе има повеќе од 38 гема.

Предлог тип: >38.5 гема (2.00)

 

7247 Каролина Мухова – Симона Халеп (Вимблдон, 16 часот)

Симона Халеп е шампионка на турнирот од 2019 година и е со многу поголемо реноме од Мухова, но има и доста проблеми со повредите во последно време.

Романката веќе има 30 години, а во Лондон пристигна со предаден меч во Бад Хомбург пред три дена, кога се повлече од турнирот и не го одигра мечот со Бјанка Андрееску.

Мухова лани одигра одлично на Вимблдон и играше во четвртфиналето, каде што беше сопрена од Анжелик Кербер.

Двете тенисерки за првпат ќе играат меѓу себе и да се играше пред 3-4 години, Халеп ќе беше апсолутен аутсајдер, но сега и Мухова има шанса за подвиг и ќе типуваме дека ќе се игра интересен и долг меч.

Предлог тип: >20.5 гема (1.85)

 

7265 Дона Векиќ – Џесика Пегула (Вимблдон, 19 часот)

Џесика Пегула е во подобра форма од Дона Векиќ, но Хрватката има подобри резултати на трева, подлога на која се игра Вимблдон.

Пегула е деветта на ранг-листата, а најзаслужен за пробив во Топ-10 на ВТА-листата е добриот настап на Ролан Гарос, кога стигна до четвртфиналето и таму беше поразена од Ига Швјонтек, која стана шампионка во Париз.

Хрватите од Векиќ очекуваа многу повеќе, но 25-годишната тенисерка не ги исполнува докрај очекувањата и повеќе е позната како поранешна девојка на Станислас Вавринка.

Беше 19-та на светот, но сега падна на 82-рото место и е во пад со формата.

Предлог тип: 2 (1.70) 

 

1619 Халмштад – Трелеборг (Втора лига Шведска, 19 часот)

Халмштад има поголемо реноме во шведскиот фудбал од Трелеборг и во моментнов е и подобропласирана екипа во Втората лига.

Ако победат денеска против Трелеборг, ќе бидат први со пет бода предност пред Браге по 11 одиграни кола.

И Трелеборг си има свои сметки и ако изненади на „Орјанс Вал“ во Халмштад, ќе се пробие на петтата позиција.

Четирикратниот шведски првак игра дома и е во подобра форма, па типуваме дека ќе ја забележи осмата победа во 11-тиот меч како прв фаворит за камбек во шведската Прва лига.

Предлог тип: 1 (1.72) Супер тип на Sport Life

 

5703 Замалек – Керамика Клеопатра (Прва лига Египет, 21.30 часот)

Замалек е фудбалски гигант и најтрофејната екипа во Африка во минатиот век, со фудбалска традиција од 111 години, а сосема поинаква приказна е Керамика Клеопатра, клуб формиран пред 15 години.

Лани за првпат се пласира во Првата лига на Египет, а и во оваа сезона целта е да се избори опстанок.

Замалек е лидер на табелата со 48 бода од 22 меча, а им се заканува вечниот ривал Ал-Ахли, кој има 44 бода, но со три натпревари помалку.

Замалек мора да го добие денешниот меч ако сака да остане во трка за титулата, а има беспрекорен скор против Керамика Клеопатра од четири победи на четири меча.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

 

- Оглас -

Најнови вести