Започнува новата сезона во Мото ГП шампионатот: Бањаја главен фаворит да слави на првата трка, но никако не смее да се отпише Маркес (Фото)

Новата сезона во Мото ГП шампионатот ќе стартува денеска на патеката „Портимао“ со трката за Големата награда на Португалија, и за таа прилика , обложувалницата Sport Life подготви понуда со различни опции за типување.

Титулата ќе ја брани Франческо Бањаја од Дукати, кој вчера победи на историската, прва спринт трка во Мото ГП шампионатот. Моторите на Дукати редовно беа најдобри на тестирањата пред стартот на сезоната, а тоа го потврди Бањаја со вчерашната победа, но на денешната трка, од пол-позицијата ќе стартува шесткратниот шампион во Мото ГП класата, Марк Маркез од Хонда.

Квотата дека Бањаја ќе слави на првата трка во сезоната, во Sport Life изнесува 1,60, додека главен конкурент се очекува да му биде Хорхе Мартин од Прамак Дукати (4,00), а шанса за изненадување од позадина ќе бараат Мигел Оливеира (РНФ Априлија), Марк Маркес (Хонда), Фабио Квартараро (Јамаха), Маверик Вињалес (Априлија) и Џек Милер (КТМ).

 

- Оглас -

Најнови вести