Зарем е можно да се бојкотира Мундијалот во Катар?

Холандскиот политичар Герт-Јан Сегер ја шокира јавноста со изјавите дека би го бојкоритал Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Катар. Сегер е гневен поради тоа што во изградбите на стадионите повеќе од 6.500 работници смртно настрадале, а не е преземена одговорност за тоа.

Англискиот лист „Гардијан“ излезе со тврдења дека над 6.500 мигранти-работници кои прифатиле да работат со цел да спечалат, ги загубиле животите, па Сегер на тоа се надоврза дека најголемите фудбалски ѕвезди наскоро ќе „танцуваат“ на гробишта.

„Ова го кажувам од срце и без дилеми. Би го бојкотирал Мундијалот. Цената за изградба на инфраструктурата е платена со крв. Наскоро фудбалерите ќе „танцуваат“ на гробишта од 6.500 безживотни тела, на луѓе кои со надеж дека ќе заработат за подобар живот, завршија трагично. Ми се крши срцето кога ќе помислам на ова“, истакна Сегер во една холандска емисија.

Инаку, Фудбалската селекција на Холандија патот до Катар ќе го бара преку Турција, Норвешка, Црна Гора, Летонија и Гибралтар во квалификациите кои стартуваат кон крајот на идниот месец.

 

- Оглас -

Најнови вести