Зарем може да се посака поубав деби-гол: Бомбата на Валери на „Олд трафорд“ (видео)

Јан Валери е играчот на Саутхемптон за кого многу ќе се зборува на Островот по денешниот дуел со Манчестер јунајтед. Младиот француски бек погоди маестрален гол од голема далечина за да му донесе на својата екипа драгоцена предност на „Олд трафорд“ од 1-0.

Валери без размислување распали кон голот на Де Хеа, шпанскиот чувар на мрежата немаше шанси да го спречи „проектилот“.

„Црвените ѓаволи“ во вториот дел ќе мора да го надополнат заостатокот доколку сакаат да ги освојат сите три бода против Сатухемптон.

https://www.youtube.com/watch?v=VFqCO9AhxaI

https://www.youtube.com/watch?v=NICAPyCRb-8

- Оглас -

Најнови вести