Засрамете се, срамота! Вака урлаше најпознатиот новинар навивач на Милан (Видео)

Познатиот италијански телевизиски новинар Тицијано Крудели, кој е познат и како фанатичен навивач на фудбалскиот клуб Милан, многу емотивно го проживеа најтешкиот пораз на тимот кој тој го памети. Милан викендов беше разбиен во Бергамо од Аталанта со 0:5, а кога домашните го постигнаа петтиот гол, Тицијано се сврте кон камерата и почна да се вика: „Засрамете се, засрамете се, срамота. Треба да барате прошка од сите навивачи на Росонерите. Срамота“, урлаше понижениот Тицијано.

Пораката беше упатена до фудбалерите на Милан кои тој ги сака со целото срце, но овојпат го разочараа и го доведоа до работ на солзи.

- Оглас -

Најнови вести