Заврши една историска ера: Златко Далиќ веќе не е селектор на Хрватска

Хрватската фудбалска репрезентација ќе има нов селектор. Ова стана јасно откако Златко Далиќ реши дека е време да си замине од функцијата на која беше од 2017 година.

„Скромно доаѓање. Незаворавен пат. Гордо заминување. По речиси девет години, селекторот Златко Далиќ одлучи да ја заврши неверојатно успешната ера. Селекторе, ви благодариме на сè! Резултатите говорат за тоа каков тренер сте“, напишаа од Хрватската фудбалска федерација (ХНС) потврдувајќи го заминување на Далиќ.

Последниот меч на Далиќ како предводник на Хрватска беше против Португалија во шеснаесетфиналето на СП 2026. Хрватска загуби со 2:1 и првпат под водство на Далиќ не освојува медал на Мундијал. Со Далиќ на клупата, Хрватска играше во финалето на СП 2018 во Русија, а пред четири години на Мундијалот во Катар стигна до третото место.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести