Заврши фудбалската авантура на Болт: Барал плата од 1,8 милиони евра

Јусејн Болт е слободен фудбалски играч. Легендарниот атлетичар и светски рекордер на 100 и 200 метри одби да потпише професионален договор со австралискиот тим Сентрал Коуст маринерс. Во изминативе два месеци, Болт играше за оваа екипа, а успеа да даде и два гола.

Сепак, кога дојде време да се потпише и професионален договор, двете страни беа многу далеку од договор. Клубот му понудил 95.000 евра годишно, додека Болт побарал да има годишна плата од 1,8 милиони евра. По оваа огромна разлика во финансискиот дел, дојде до прекин на соработката. Австралискиот клуб се надеваше дека ќе добие спонзорство од локалните фирми, но тоа не се случи и затоа не можеше да му понуди на Болт подобра понуда.

„И покрај фактот дека не најдовме сериозен спонзор, воодушени сме што олимписки првак и светски рекорер беше дел од нашиот тим во изминативе два месеци“, стои во соопштението на клубот. И Болт на пријателски начин се раздели од клубот, посакувајќи му успех во иднина.

Еден од најдобрите атлетичари на сите времиња, откако реши да стави крај на таа кариера, се фокусираше на фудбалот. Во изминатава една година активно тренираше со Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед и уште неколку клубови, но не успеа да потпише професионален договор.

- Оглас -

Најнови вести