Заврши најголемата спортска драма во 21 век, Ѓоковиќ ја напушти Австралија (Фото)

Новак Ѓоковиќ ја напушти Австралија со полициска придружба до аеродромот во Мелбурн, од каде полета за Дубаи, а потоа и до крајната дестинација Белград.

Со тоа заврши најголемата спортска драма во 21 век, со неповолен исход за еден од најдобрите светски тенисери на сите времиња.

Ѓоковиќ по конечната одлука на Федералниот суд во Австралија не доби виза да остане во земјата и да игра на првиот гренслем во сезоната на Австралија опен, каде е рекордер со 9 титули.

Драматично беше десеттина дена, а главна вест во сите медиуми беше случајот со Новак, кој веднаш по пристигнувањето во Мелбурн, доживеа низа непријатности.

Првично му беше дозволено да пристигне и да игра на Австралија опен со медицинска белешка за изземање од вакцинација, но веднаш при слетувањето во Мелбурн му беше поништена визата и почна невидената тортура.

По неколкучасовен престој на аеродромот, Ѓоковиќ беше префрлен во хотел за имигранти, каде условите беа катастрофални.

Потоа по жалбата на неговиот адвокатски тим со одлука на Федералниот суд во Австралија му беше вратена визата и тој дури и тренираше неколкупати на терените во Мелбутн парк.

Но, потоа повторно му беше поништен документот за влез во Австралија од Имиграциското биро, па имаше ново судење на кое нов судија во Федералниот суд донесе одлука да му биде поништена визата и тој да биде депортиран од Австралија.

Конечниот епилог на невидената сага е дека Ѓоковиќ ќе нема шанса во Мелбурн да ја брани титулата и да го освои рекордниот 10-ти пехар на Австралија опен, а пропаднани можноста да биде сам рекордер со 21 гренслем титула, пред Надал и Федерер со по 20.

Турнирот почнува утре, без светскиот тениски рекет број 1, кој веќе е на пат кон Србија.

- Оглас -

Најнови вести