Заврши одморот во НБА-лигата, ќе биде ноќ на „плусови“

Јанис Адетокумбо (Детроит пистонс – Милвоки бакс, 01ч)

Заврши паузата по Олстар-викендот, а тоа значи дека влегуваме во клучниот дел од регуларната сезона. Милвоки и по 54 меча е со едноцифрен број порази, а така ќе остане и по гостувањето во Детроит. Адетокумбо убаво се забавуваше во Чикаго, но не ја заборави својата мисија да го одведе Милвоки до самата завршница, а како што стојат работите, Јанис е на добар пат.

Најкорисниот играч во лигата ужива во дуелите против Пистонс, впрочем тој е најзаслужен што Бакси имаат совршена серија од 10 последователни победи. Во последните пет меѓусебни дуели Адетокумбо бележи речиси по 30 поени просечно против Детроит, колку што е границата за вечерва да биде добитен.

Предлог тип: Адетокумбо >29,5 поени (1.87)

 

Џејмс Харден (Голден стејт вориорс – Хјустон рокетс, 04:30ч)

Харден пред паузата влезе во претпознатливиот ритам поради кој има просек 35 оваа сезона и е најдобар стрелец во лигата. Секогаш е убаво да се победи актуелниот вицепрвак и тимот кој освои три титули во последните пет сезони, без разлика што не играат ѕвездите Кари и Томпсон.

Иако Ракетите загубија во последните четири гостувања во Оукленд, односно Сан Франциско, ноќеска Брадата ќе биде мотивиран во голем стил да најави атак на МВП наградата.

Предлог тип: Харден >33,5 поени (1.90)

 

Џими Батлер (Атланта хокс – Мајами хит, 01:30ч)

Мајами мора да се врати во победнички ритам и да излезе од кризата. Четири порази во последните пет меча е некарактеристичен учинок на Жешките, барем не оваа сезона. Клучниот играч кој ќе ги врати победите на Флорида е Џими Батлер.

Батлер во претходната средба против Атланта запиша трипл-дабл учинок и беше меѓу најзаслужните за триумфот по продолженија. Мајами воедно ги доби петте претходни дуели против Јастребите, со ново шоу на Батлер лесно може да се запише и шестата победа.

Предлог тип: Батлер >22,5 поени (1.95)

 

Филаделфија севентисиксерс – Бруклин нетс (02ч)

Филаделфија и натаму го држи најдобриот учинок на домашен терен во целата лига. Од 27 меча, славеа во 25 од нив, а Бруклин нема сили да приреди изненадување и да стави крај на победничката низа од 11 натпревари.

Ова е последниот дуел од меѓусебната серија на Фиделфија и Бруклин во регуларниот дел, а со нов триумф домаќините ќе ја добијат неа со 3-1. Бен Симонс редовно е расположен кога игра против Нетс, а тука е и Ембид, против кого тешко се игра одбрана.

Предлог тип: Т1 >112,5 поени (1.97)

 

Сакраменто кингс – Мемфис гризлис (04ч)

Сакраменто има квалитет да му направи проблеми на Мемфис, кој се бори за пласман во разигрувањата. Доколку Кралевите ја повторат играта од претходните три меча на домашен терен против Гризлис кои ги добија, ќе преземат контрола во меѓусебната серија за оваа сезона.

Сепак, на домаќините ќе им недостасува еден од клучните играчи, Марвин Бегли, па тоа може да биде голем проблем, а Мемфис да најде начин како да го искористи тоа. Само еден од претходните пет меча меѓу Сакраменто и Мемфис заврши со висок број поени, па затоа не очекувајте повеќе од 230 поени.

Предлог тип: <229,5 поени (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести