Заврши серијата ремија на Арсенал (видео)

По четири последователни ремија во Премиер лигата, фудбалерите на Микел Артета ги освоија трите бода против Њукасл. Арсенал на домашен терен славеше со убедливи 4-0 и запиша двојна победа над Страчките во оваа сезона, откако првата средба ја добија со минимални 1-0.

За прекин на серијата без триумф се погрижија Пјер-Емерик Обамејанг и Никола Пепе, кои ја тресеа мрежата на гостите во период од три минути во второто полувреме. Најскапото засилување на Топчиите во нивната историја прво му намести погодок на Обамејанг во 54-тата минута, а потоа и самиот ги осигура бодовите со кои Арсенал изби на 10-тото место со 34 бода.

Иако мечот беше решен, на истекот од 90-тата минута во листата стрелци се запиша и Озил, а во самиот финиш во судиското надополнување Лаказет го потврди дебаклот на Њукасл

https://twitter.com/futurefights360/status/1229099666484137985

https://twitter.com/Top5Vid/status/1229103560195026947

- Оглас -

Најнови вести