Заврши сезоната за Дел Потро?

Повредата на коленото која Хуан Мартин Дел Потро ја заработи вчера во мечот против Борна Чориќ, може да му направи проблеми на Аргентинецот и да го примора пред време да ја заврши сезоната. Делпо при еден напад нагази лошо, при што падна и го удри коленото на тврдата подлога. Подоцна аргентинскиот тенисер едвај го доигра првиот сет, а откако го загуби, реши да го предаде мечот.

„Чудно беше движењето кое го направив, а откако паднав, веднаш почувствував болка во коленото. Потоа ја загубив силата и стабилноста да го издржам мечот до крај, па исправна одлука беше да се предадам. Направив неколку прегледи, но докторите ме советуваа да почекам дополнителни испитувања според кои ќе одлучам дали ќе продолжам да играм годинава или не“, истакна Дел Потро.

https://twitter.com/doublefault28/status/1050374910953050114?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1050374910953050114&ref_url=https%3A%2F%2Ftennismash.com%2F2018%2F10%2F12%2Finjury-concerns-juan-martin-del-potro%2F

- Оглас -

Најнови вести