Збогум Диего! (Фото)

Легендата на светскиот фудбал Диего Армандо Марадона беше погребан на приватните гробишта „Жардин де Бела Виста“ во непосредна близина на Буенос Аирес, покрај неговите родители.

Претходно ковчегот со телото беше изложен во владиниот дворец „Каса Росада“, каде што стотици илјади луѓе се собраа, на моменти предизвикуваа и хаос и инциденти, за да му оддадат последна почит. На погребалната церемонија присуствуваа само роднини и најблиски пријатели. Генијалниот Аргентинец почина на 60-годишна возраст во средата, како резултат на белодробна едема, предизвикана од срцева слабост.

Поради смртта на Марадона, во Аргентина е прогласена тридневна жалост. Од фотографиите од погребот се гледа дека мал број луѓе се присутни, а кои беа тие?

Последниот поздрав до големиот Диего го упатија братот Лало, некогашниот менаџер Гилјермо Копола, внукот Ернан Лопес, ќерките Далма, Хана и Џанина, зетови од ќерките и сестрите, пријатели.

 

- Оглас -

Најнови вести