Здравко Мамиќ посакува во финалето на СП да играат Хрватска и Србија

Долгогодишниот прв човек на Динамо Загреб, контроверзниот Здравко Мамиќ, во интервју за српскиот „Мондо“ рече дека посакува Србија и Хрватска да се сретнат меѓу себе, што е можно подоцна на Мундијалот во Катар, а зошто да не и во големото финале.

Србите и Хрватите вчера обезбедија место на СП во Катар.

„Србија секогаш има индивидуално добри играчи, подобри од Хрватска, но ние Хрватите имаме култ кон репрезентацијата и затоа постигнувавме успеси во последните 10-15 години. Кога игра Хрватска, се обединува и цела дијаспора, медиумите, играчите, сите. За Пикси знаев дека има харизма и дека ако му се даде мирно да работи, ќе направи успех. Заедништво, атмосфера и Бог ќе нè награди на крајот“, вели Мамиќ.

Ждрепката за СП е на 1 април 2022, а не е невозможно Србија и Хрватска да се најдат во иста група.

„Додека менталитетот не се смени, не сакам да има дуели на српските и хрватските клубови, како ни на репрезентациите. Ако почнеме на тоа да гледаме како чисто спортски настани, би сакал. Јас би сакал Хрватска и Србија да играат во финале на СП или што подоцна ако веќе мора да се сретнеме“, објаснува Мамиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести