Зелениот Баерн со фестивал на голови во чест на Октоберфест

Полјакот Роберт Левандовски стана првиот фудбалер во историјата на германската Бундеслига кој на 13 домашни натпревари по ред, дава барем по еден гол. Популарниот Леви има неверојатна низа на „Алијанц арената“, дава гол на 13 средби едноподруго, и го урна досегашниот рекорд од гол на 12 меча дома, кој го делеше со легендите Герд Милер и Јуп Хајнкес.

Попладнево во Минхен тешко настрада Бохум. Баварците славеа со огромни 7-0. Баерн прв и единствен пат сезонава играше во зелени дресови, во чест на откажаниот пивски фестивал Октоберфест, кој годинава нема да се одржи. Тоа им беше инспирација, и на Бохум му дадоа четири гола во првото, а три во второто полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести