Жалбите се исплатија, тениските мечеви во Токио нема да се играат кога е најжешко

Тениските мечеви на ЛОИ во Токио од утре ќе се играат во попладневните часови со цел заштита на тенисерите од пеколните температури и големата влажност.

Откако неколку тенисери имаа проблем со топлотен удар, тениските мечеви веќе нема да почнуваат во 11 часот, туку најрано во 15. Температурата во Токио преку ден е 31 степен, но поради влажноста, чувството е како да има десетина степени повеќе од тоа и за играчите е речиси неиздржливо да настапат во такви услови.

Денеска со жештината се мачеше и Новак Ѓоковиќ, кој земаше и кислород преку црево, а првиот фаворит за златото во четвртфиналето треба да игра со Кеј Нишикори, Јапонецот кој е навикнат на вакви временски услови.

- Оглас -

Најнови вести