Жени како за Осми Март приредија борба за која долго ќе се раскажува (Видео)

Фантастична женска борба во Лас Вегас го одбележа УФЦ 248 настанот. Спектаклот ги приредија Веили Џанг и Јоана Једжејчик, две дами кои се претепаа меѓусебно на 8 Март, меѓународниот денот на жената.

Кинеската и полската фајтерка од самиот почеток тргнаа силно и си разменуваа удари, после првите две рунди, двете заедно имаа околу 300 удари една кон друга. Публиката беше на нозе, коментаторите викаа колку што ги држи гласот, додека во октагонот се водеше беспоштедна битка.

Лицата на двете беа деформирани, Јоана имаше и голем оток на челото. Двете беа пренесени во болница после борбата. Тесна победа на поени извојува Џанг, но и противничката нема да што да жали, бидејќи придонесе ова да биде една од најдобрите борби во историјата. Џанс има еден пораз на 21 борби, а Једжејчик има четири порази на 20 борби.

Еве како изгледаа двете веднаш после борбата додека даваа изјави:

https://twitter.com/i/status/1236528657633607681

https://twitter.com/i/status/1236528085736083458

 

- Оглас -

Најнови вести