Жените ќе бидат спаринг-партнер на Србија

Најдобрите македонски кошаркарки на 9 и 10 мај во Белград ќе играат две контролни средби против силната репрезентација на Србија која се подготвува за настап на Европското првенство за жени, кое ќе се игра од 27 јуни до 7 јули, а нашиот северен сосед ќе го организира заедно со Летонија.

Македонската кошаркарска федерација одговори потврдно на поканата на Српскиот кошаркарски сојуз да се одиграат пријателски натпревари во рамки на подготовките на нивниот национален тим кој ќе земе учество на ЕП.

Нашата сениорска репрезентација во евроквалификациите немаше ниту една победа, но барем се врати на мапата по неколку години пауза од каква било репрезентативна активност. Квалификациите за ЕП 2021 ќе започнат во ноември, а избраничките на Марјан Лазовски ќе бидат дел од тие квалификации.

- Оглас -

Најнови вести