Фантазија – Рабона каква не сте виделе и тоа на женски фудбал во Австралија (Видео)

Катарина Јукиќ, фудбалерката на Универзитетот Мурдох во Австралија постигна гол што е во конкуренција на најубавите, а перфектниот удар што заврши во мрежата на Фриментал сити е со популарната рабона.

Изведбата беше неверојатна и од далечина од околу 18 метри, а Јукиќ приреди вистинско фудбалско ремек-дело, какво ретко се гледа и во машкиот фудбал.

https://www.youtube.com/watch?v=48oRc09FJ_c&feature=emb_logo

Мечот меѓу Мурдох и Фриментал сити се играше во рамките на Националната Премиерлига на Западна Австралија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести